Бошко Смаќоски

Поет, раскажувач, романсиер, драмски писател. Роден е на 18 септември 1938 година во с. Модрич, Дебарско.


Починал 1998 година во Скопје. Завршил средно образование во Охрид. Работел како новинар во Македонското радио. Член на ДПМ од 1963 година.

Автор е на книгите: Мајски ѕвончиња (поезија за деца, 1959), Додека роси (поезија за деца, 1962), Распродажба на остатоци од пролетта (поезија, 1963), Еден багрем и четири деца (лирски раскази за деца, 1964), Усвојување на дневниот ред (поезија, 1965), Големи и мали (роман за деца, 1966), Славејот ноќева во трендафили (поезија за млади, 1967), Всушност, се е убава балада (поезија, 1968), Влегување во Охрид (поезија, 1972), Корениште (роман, 1972), Крастава година (раскази, 1972), Цвеќе од деветтиот рид (роман за млади, 1972), Песни од Модрич (поезија, 1977), Сликички и зборчиња (позија за деца и млади, 1979), Како кога се откинува јаболко (роман за млади, 1982), Модричка тетратка (поезија и лирски записи за деца, 1982), Таа и татковината (поезија, 1983), Пладне во ридиштата (раскази, 1984), Облека на душата (роман, 1986), Преку две реки, преку три планини (роман, 1986), Полна месечина, Големи и мали (романи, 1986), Низ Зеленово, низ Руменово (поезија, 1986), Рими (поезија, 1987), Јулски дневник (роман за млади, 1989), Се подели село на црно и бело (гатанки, 1991), Животот занает најтежок (роман,1992), Димензиите на крстот (роман, 1992), Лето господово, лето ѓаволово (поезија, 1998). Автор е на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.

Добитник е на наградите“ „РТВ Скопје“, „Стале Попов“, „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Гораново пролеќе“.