Католичка пропаганда

Католичка пропаганда (Унијатсво)


Иако подготовките за востание и револуционерните активности пред но и по востанието и биле познати на Католичката пропаганда, таа се држела целосно на страна. Пред своите протектори Австро - Унгарија и Франција не се застапува ниту за најосновните човекови права на македонскиот народ, за да овие превземат некој чекор кај турските власти на намалување од теророт, вршен врз него.

Уште повеќе, турскиот терор како да и одел во прилог на оваа пропаганда, зашто и овозможувал да ја покаже својата “милосрдност” кон настраданиот македонски народ. Со тоа очекувано доаѓат и симпатиите за таквата “несебична милосрдност” (Lettre Revue de l, Oeuvre des ecoles d, Orient-Paris. Sept. 1903,стр. 145).
Визионерски превземаат однапред знајни потребни чекори кон настраданиот народ кој и пред востанието е во револуционерно движење и заради засилениот терор многу повеќе имал потреба од сантитетска и материјална помош. Тука пак, “случајно” биле не-случајните за таква помош (што им е и “мисија”) католичко-унијатските мисионери кои создавале една хумана слика за себе и своите потреби.

Кај народот се создавало уверување дека католичко-унијатските мисионери и навистина се хумани христијански организации. И наместо ако навистина сакале да престанат а камо ли смалат страдањата на Македонците, да за тоа апелираат кај своите влади тие праќаат поинакви апели. Апелираат за средства за нови болници и сиропиталишта од кои пак се изнесуваат и сираци подоцна претопувани во туѓина и меѓу туѓинци што е нешто налик на нов “данок во крв”.
Овие верски пропагандисти, го советувале македонскиот народ да стои настрана од бунтови и востанија и да биде послушно-поданички во однос турските власти, објаснувајќи му дека бунтовите се причината за страдањата (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 275)