Македонија и политиката кон соседите
Во античкиот свет на прагот од IV век п.н.е Македонија е со дефинирана политика во односите кон соседите. Проблемите со нив и нивното разрешување, планевите за азиската кампања и др. активности се преземале согласно внатрешната моќ со која располага Македонија како воена сила.
Воениот карактер на државата, авторите го нарекуваат “воено македонско општество” и “македонски империјализам”, особено кога е збор за походите на Филип и син му Александар. Кога е во прашање окружувањето, постои и теза дека за разлика од јужните соседи Македонците “останувајќи на крајниот север немаа можност да учествуваат во прогресивната цивилизација...”?! (Вилкен, 55). Токму затоа Вилкен ги разликува од Грците но и ги етикетира кога вели (во истата реченица): “...но тие не се појавија како Грци, туку како варвари”. Овој автор (но др. слични) заклучува дека од денешен аспект гледано, македонската држава во тоа време е на понизок степен на демократскиот развој во однос на на демократијата во Грчките полиси(?!).
Ова културно-политичко подредување кај овие автори е далеку од вистината а самиот израз “Варвари“ е во пежоративна смисла која Грците ја користат за Македонците (Демостен за Филип – “Варваринот”). Но за самиот политички систем на македонската држава и разликите во однос на оној од полисите, подоцна. Сега за она посуштесвеното.
|