Специфичност на македонската монархија
Македонската античка држава има развиена организација на власт со централна институција - кралот, со што таа е монархија.
Монархистичкиот облик на управа може да доведе до опасност од злоупотреба, пречекерување и апсолутизација на власта од монархот.
Но дали во македонската античка држава имало свест за оваа опасност а оттаму и потреба за заштита од прекумерниот кралски апсолутизам?
Прво – таква свест имало, на дворот е Аристотел, со познати погледи во однос на управните форми на државите. Тој е првиот учител на Александар но и некој кој бил консултиран од дворот во однос прашањата на државната управа.
Како ја практикувале власта македонските кралеви?
Македонските кралеви немале манир, желба ниту потреба од асолутизација на власта за лична корист, со што монархијата е зачувана од застранување во тиранија. Но зошто кралевите го немале манирот кон апсолутизација на власта – дали заради долгата традиција на примена, прифаќање и негување на оваа државно-управна форма која Македонците љубоморно ја чувале како нешто лично и македонско или заради поуките од Арстотел? И ако е заради Аристотел, како тогаш тоа не е случај во столетијата македонска државност многу пред него?! Во разоткривањето на се ова, секако се потребни дополнителни истражувања.
Второ – непобитен факт е дека кралската власт е во функција на пошироките национални интереси на Македонија и нејзината позиција на силна држава во античкиот свет.Непобитни се и фактите, почнувајќи од најстариот македонски крал Каран (околу 798 год. п.н.е) па до Филип II како врвна фигура кој го трасира патот на најголемиот македонски (но и светски) монарх Александар III Македонски. Генијалноста на Филип во водењето државни работи на Македонија, и војничките стратегиско-тактички вештини на војување се ненадминливи. Со право се вели дека по Филип, Европа немала формат на вистински крал – монарх. Нашата македонска историска меморија на македонската држава, не може а да не си спомне дека тој е во постојани битки со цел неутрализација на околната опасност за стабилноста на Македонија. Заради ова, Филип и нема дел од телото каде нема рана а го губи и десното око. Но го имал и човечкото, пијанките кои македонскиот народ му го проштевал, заради се она што Филип го правел за него. Филип си ги знаел границите, иако можел да владее апсолутистички, тој знаел кога да подзастане и да ги издвои интересите на македонскиот народ, пред неговите лични.
|