МАКЕДОНИЈА И ЈУ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ
Тито во својство на Врховен командант на НОВ и ПОЈ и повереник за Народна одбрана, на 23 мај 1944 год. ја донесува Наредбата за основање на “Оделението за заштита на народот” – ОЗН-а.
Овој е историски датум како формален за основање на единствената служба за безбедност за целата земја. ОЗН-а е формирана како централизирана служба и на воени принципи со еднообразна организациона структура и единствени методи а равота. Непосредно по донесувањето на оваа Наредба основани се одделенија за зашита на народот за Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија и Србија а нешто подоцна и за Војводина и Косово и Метохија но кои две одделенија се врзани за ОЗН-а на Србија.
Задачи на ОЗН-а:
- Разузнавачки и Контраразузнавачки работи на сеуште окупираната територија.
-Контраразузнавачка заштита на ослободената територија и контраразузнавачки работи во војската.
На ослободената територија службата е формирана во склад со принципите на општата административно-територијална поделба: Окружни одделенија во седиштата на округот и полномоштенства на ОЗН-а во срезовите и реоните. Во оперативните единици на НОВЈ формирани се одсеци на ОЗН-а при штабовите на Корпусите и полномоштенства при штабовите на дивизиите, а при штабовите на Бригадите и батљоните поставени се – полномошници. При штабовите на Армиите, кои се формирани во март 1945 год., основани се одсеци на ОЗН-а кои биле непосредно врзани за III одсек на ОЗН-а при Довереништвото за Народна Одбрана на владата на Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ).
Во август 1944 год., формиран е и – “Корпус на Народната Одбрана на Југославија” (КНОЈ), како специјална оружена формација за Оперативно – извршни безбедносни задачи. Почетното јадро на оваа единица го сочинувале посебни единици за борба против Петата колона. Со КНОЈ раководел Врховниот Командант преку Начелникот на ОЗН-а за Југославија. Обединета во единствена организација и со стекнатите искуства, Службата за безбедност заедно со останатите сили за безбедност, до крајот на војната играат значајна улога.
КНОЈ имал за задача:
- борба против бандите во позадината на НОВ и против – “антинародни елементи”;
- oбезбедување на централните органи на власт;
- чистење на штотуку ослободената територија од остатоци на непријателските единици;
- чистење на ослободената територија од шпиони и диверзанти;
- обезбедување на поважните објекти (железници, аеродроми, мостови и др.);
- извршување задачи на ОЗН-а во ликвидирањето на остатоци од бандите и др. акции кои таа ги организирала во својот делокруг на работа.
(Литература – “Војници на мирот”, стр. 45-46, Издавач – “Слобода”, Белград 1979 год., автори – Драган Марковиќ, Никола Миловановиќ, Ѓуро Ребиќ)
|