Полнети свежи пиперки
Полнети свежи пиперки, главно јадење
Потребни состојки:
10 свежи зелени пиперки
300 гр. сирење (беровско)
4 јајца
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Јајцата ги матиме со вилушка, ставаме малку сол и црн пипер, а потоа им го додаваме ренданото сирење. На пиперките, претходно измиени, им ги отстрануваме дршките и семето. Пиперките ги полниме со смесата од јајца и сирење, ги редиме во намрсена тава, а тавата ја покриваме со капак или фолија и ги печиме во рерна на температура од 180оС околу 20 минути.
|