Зелник со праз
Зелник со праз, тестенини
Потребни состојки:
500 гр. брашно
100 мл. масло за јадење (+ )
½ коцка квасец
Сол и малку шеќер
За фил:
2 главици праз
100 гр. ориз
Мешан зачин
Сол
Бибер
Најпрво го подготвуваме филот. Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото. Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода. Замесуваме среднотврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња,а секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење. На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200оС околу 30 минути (додека да зарумени).
|