Салата со макарони
Салата со макарони
Потребни состојки:

1 пакетче макарони по желба
300 гр. кисели краставички
300 гр. сирење
300 гр. шумкарица
400 гр. кисела павлака
300 гр. мајонез
Сол


Макароните ги вариме и ги цадиме од водата. Краставичките, сирењето и шумкарицата ситно ги сечкаме и ги ставаме во подлабок сад. Ги додаваме исцедените макарони, посолуваме, ги додаваме и киселата павлака и мајонезот и убаво промешуваме. По потреба додаваме уште мајомез или кисела павлака. Салатата ја дервираме во чинија за салата и ја декорираме со гранчиња магдонос.