Елијан за Македонците
Елијан ("Аилианос" , lat. "Aelianus") e познат воен писател на Римската Империја кој никако не користи латинско писмо но алфабетско, и чија најголема преокупација во неговите дела е македонската воена тактика.
Елијан е автор и на дело посветено и на царот Трајан
|
Тој пишува и за други современи на неа, но овие како споредбени (особено подоцнежната фаза од епохата на македонизмот - III век п.н.е). Треба да се напомене дека е автор и на дело за тактиката кое го посветува на царот Трајан (98-117).
Сепак, Македонците со своите воени подвизи и потенцијали, му се најомилена тема. Во обработката на оваа тема, тој користи се што е од постарите автори и писатели кои пишуваат за епохата на македонизмот, особено Асклепиодот. Толку е ревносен во оваа своја омилена тема, што Елијан воопшто не води сметка дека римската воена практика одамна ја надминала македонската. Во пишувањето користи и едно дело од Полибие кое е најконкретно на неговата омилена тема, но ова дело е подоцна изгубено. Елијан е и можеби најзначаен и по тоа што дава најобилно податоци за егзерцирот.
Византискиот цар Лав VI Мудриот обилно ќе го плагира Елијан
|
Византискиот цар Лав VI, многу подоцна обилно ќе го плагира Елијана а Арапите ќе го преведат околу 1350 год. по Христа. Во Западна Европа, Елијан ќе се преведува често од XV век наваму (кога и всушност повторно заживува тактиката на пешадијата во збиени формации).
Но, неговото потекло е енигма. Досега, за речиси секој автор што пишувал на алфабетско писмо (т.н.р "старогрчки писмо и јазик") , за потекото на истиот се ставаше нејасното "најверојатно Грк"(?!) па така и за овој автор, иако ништо друго конкретно не укажува на тоа! Влечењето заклучок, за некакво негово "грчко потекло" од писмото со кое со користи Елијан, најмалку држи. Имено, добро се знае дека не само Македонците, но ниту еден народ од источниот Медитеран не користи друго писмо освен оваа т.н.р "старогрчко" кое и самото е всушност адаптација на постарото феникиско писмо, ниту значи дека се и тие сите "Грци", ниту пак се изучуваат како такви, но како засебни. Дури и самите Римјани, сопствената историја се до првата половина на II-от век од п.н.е, ќе ја пишуваат исклучиво на "старогрчки", иако имале и свој јазик и свое писмо, па не се изучуваат како "Грци", заради ова.
Ако се оди со логиката "Што писмо пишуваш, тоа си по потекло", тогаш денес, кога со латиничното писмо пишува поголемиот дел од народите на светот, ќе треба сите тие да се прогласат за Латини (Итали) по род!
Рељеф со приказ од римската воена тактика при војните на царот Трајан
Заради сево ова, останува нејасно, зошто не се согледани и другите аспекти на Елијановото дело, на пример неговата постојана љубов да пишува токму за величината на македонската воена практика, со толку жар и фалоспевие, иако веќе одамна ги надминале новите римски воени пракси. Пишувањето на само едно дело посветено на римски цар (Трајан), повеќе како да е заради умилкување кон римските власти и потребно "покритие", за да во сите други може покомотно да ја велича македонскaта воена стратегија. На се ова, и неговото лично име ("Аилианос") е многу повеќе со македонски корен, одошто грчки, па кога се ќе се сведи подобро, многу повеќе претпоставки можат да се извадат за македонско, одошто за грчко потекло на овој значаен автор од времето на Римската империја.
|