Компир салата
Компир салата
Потребни состојки:

1 кг. компир
2 главици кромид
Масло за јадење
Оцет
Сол


Компирите се мијат и се ставаат во тенџере на оган да се сварат. Откако ќе се сварат компирите се лупат и додека е сеуште топли се сечкат на ситни коцки и се стават во подлабок сад. Во садот се додава ситно сечканиот кромид, сол, масло за јадење и оцет по желба. Добро се размешува и се сервира во чинија за салата. Може да се декорира со маслинки и магдонос.