Топена торта
Топена торта, десерт
Потребни состојки:

4 јајца
200 гр. шеќер
200 гр. мелени ореви
12 лажици млеко
12 лажици масло за јадење
12 лажици гриз
12 лажици брашно
1 пашок за печење

За шербет:
750 гр. Шеќер
1 кг. вода
2 кесички ванилин шеќер
1 парче лимон


Јајцата и 200 гр. шеќер се мате како за торта, потоа се додаваат по 12 лажици млеко, масло за јадење, гриз, брашно во кое има измешано една кесичка прашок за печење и 200 гр. мелени ореви. Смесата се истура во претходно намрсен плех и се пече на 180оС околу 30 минути (додека да се испече). Испечената торта ја оставаме да се олади и ја сечиме на парчиња. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Во тенџере на оган ставаме да зоврие 1 кг. вода и 1 кг. шеќер. оставаме да проврие околу 5 минути (додека малку да се згусти), го тргаме од огнот и потоа ги додаваме ванилиниот шеќер и парчето лимон. Го промешуваме и го прелеваме врз ладната торта. Ја оставаме тортата да отстои додека да го впие шербетот.