Пита со јаболка
Пита со јаболка, тестенина и десерт
Потребни состојки:

1 кг. јаболки
4 јајца
250 гр. маргарин
300 гр. брашно
200 гр. шеќер
1 кесичка прашок за печење
1 кесичка ванилин шеќер
1 лимон


Маргаринот го матиме со миксер додека не стане пенест. Постепено матејќи ги додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер, јајцата, рендана кора од еден лимон и сокот од лимонот. Потоа се додава брашното измешано со прашок за печење. Плехот за печење го намрсуваме, ставаме брашно и протресуваме за да се разреди брашното. Тестото го истураме во плехот. Јаболките ги лупиме и им ги отстрануваат семките, ги сечиме на кругови и ги ставаат врз тестото. Врз јаболките се става шеќер, а потоа плехот се става во рерна да се пече околу 30 минути на температура од 200оС.