Малиџано
Малиџано, салата
Потребни состојки:

4 модри патлиџани
200 гр. сирење по желба
4 чешниња лук
100 гр. сечкани ореви
100 - 150 гр. масло за јадење
Сол и црн пипер


Модрите патлиџани се печат во рерна или на шпорет, се ставаат во вода за полесно да се излупат и потоа се ставаат во цедалка да се цедат. Чешлињата лук со малку сол се толчат во дрван сад, потоа се додаваат сечканите ореви и малку црн попер. Исцедените модри патлиџани се толчат и се додаваат во дрваниот сад со лук и ореви, а потоа се додава и изгмеченото сирење. Промешуваме со дрвена лажица. На крај, посолуваме по вкус и мешајќи со дрвената лажица полека и постепено го додаваме врелиот зејтин. Малиџаното се служи во традиционален македонски земјен сад со традиционално македонско домашно лепче. Може да послужи и како додаток на главно јадење, а може да послужи и како предјадење.