Брз колач (брзи гонзалес)
Брз колач (брзи гонзалес), десерт
Потребни состојки:

6 јајца
20 лажици шеќер
30 лажици брашно
200 мл. млеко
200 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печење

Шербет (фил):
30 лажици вода
20 лажици шеќер
1 маргарин
6 лажици какао
100 гр. чоколадо
2 кесички ванилин шеќер


Во сад за матење со миксер се матиме 6 јајца и 20 лажици шеќер се додека шеќерот не се растопи. Потоа се додаваат млекото и маслото за јадење. Кесичката прашок за печење се меша со 30 лажици брашно, а потоа го додаваме во садот за матење и матиме додека смесата не се изедначи. Колачот го печиме во намрсена тава на 180oС околу 30 минути. Откако колачот ќе се испече, го вадиме од рерната и го оставамр настрана да се олади. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот (филот). 30 лажици водата и 20 лажици шеќер ги ставаме во тенџере на оган да се варат. Го додаваме маргаринот, 6-те лажици какао и 100-те гр. чоколадо, мешаме, и оставаме шербетот да зоврие.откако ќе зоврие го тргаме од огнот и ги додаваме 2-те кесички ванилин шеќер и мешаме додека да се растопи. Испечениот колач го сечиме на коцки или ромбови и врз него со лажица внимателно, пополека, истураме од шербетот. Внимателно ставаме од шербетот меѓу секое парче додека целосно не го потрошиме.