Макало од суви пиперки и компири
Макало од суви пиперки и компири
Потребни состојки:

20 – 25 црвени сушени пиперки
1 кг. компири
300 гр. доматно пире (3-4 печени домати)
3-4 чешниња лук
250 гр. масло за јадење
Сол


Сушените пиперки добро се мијат и се ставаат во тенџере на оган да се варат. Во исто време се ставаат и претходно измиените компири да се варат. Чешлињата лук со малку сол се толчат во дрван сад. На варените пиперки им ги отстрануваме семките и лушпите и ги додаваме во дрвениот сад. Во исто време ги додаваме и доматното пире и дел од водата во која се вареа пиперките. Мешаме со дрвена лажица. Претходно сварените и излупени компири ги пасираме но не како за пире и во нив ја додаваме смесата од пиперки. Потоа, мешаме и посолуваме по вкус. На крај, мешајќи со дрвената лажица полека постепено додаваме врел зејтин. Макалото се служи во традиционален македонски земјен сад со традиционално македонско домашно лепче и сирење. (по желба)

Може да послужи и како додаток на главно јадење, динстано месо, печено месо на скара, а може да послужи и како предјадење.