Македонска салата
Македонска салата
Потребни состојки:

2-3 свежи домати
2-3 краставици
1 главица кромид
5 печени пиперки
магдонос
Масло за јадење
сол


Доматите и краставичките се сечкат на коцки и се ставаат во подлабок сад. Печените пиперки се лупат и исечкани се додаваат во истиот сад. Одозгора се става кромидот сечен на тенки кругови. Салатата се посолува, се додава и масло за јадење и потоа се сервира во чинија за салата. Се декорида со ситно сечкан магдонос. Во прилог на оваа салата може да се послужи и сирење печено на скара.