Црвен ајвар, I начин
Црвен ајвар, I начин
Потребни состојки:

20 кг. црвани пиперки (капија)
3 л. масло за јадење
Едра сол


Пиперките ги миеме, бришиме со чиста крпа, со алатка им го вадиме семето, а потоа, ги печиме и ги ставаме во најлинска кеса за подоцна да можат полесно да се лупат. Излупените пиперки ги ставаме во цедалка да се цедат, а потоа ги мелиме во машина за мелење месо. Ајварот го пржиме во бакарна тава во која пртходно имавме ставено 1 литар масло за јадење, додаваме едра сол по вкус, а во текот на пржењето го додаваме и останатото масло за јадење. Постојано мешаме со голема дрвена лажица. Ајварот е готов кога (и веднаш се вади од огнот) ќе почне да се одвојува од страничните делови на тавата. Веднаш се собира и се затвара во претходно загреани тегли. Се остава да се олади, а потоа се складира во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница.