Салата од модри патлиџани
Салата од модри патлиџани
Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1 главица кромид
1 чешле лук
Сецкани ореви
Масло за јадење
Сол


Модрите патлиџани се печат, а потоа се ставаат во вода за полесно да се излупат. Чешлето лук со малку сол се толчи во дрвен сад за толчење, потоа во истиот сад се додаваат и маслото за јадење и модрите патлиџани. Повторно продолжуваме со толчење додека смесата не се соедини. Салатата се служи во традиционален македонски земјен сад. Врз салатата декорираме со сецкани ореви.