Стара свадбинска алва со ирмик
Стара свадбинска алва со ирмик, десерт
Потребни состојки:

½ кг. ирмик
½ кг. масло за јадење
1 кг. шеќер
2 л. вода
1 кесичка ванилин шеќер


Ирмикот се пржи во маслото за јадење додека малку не зарумени. Во меѓувреме вариме шербет од 1 кг. шеќер и 2 л. вода. Откако ќе зоврие шербетот, го истураме во пржениот ирмик и потоа алвата се вари околу 1 час. Постојано мешаме додека алвата не згусти. Алвата е готова кога ќе почне да се одвојува од садот во кој се вари. Откако ќе се свари, ја истураме во плех, ја оставаме малку да се олади, а со тоа и да се стегне, а потоа ја сечиме на парчиња и ја послужуваме во чинија за сервирање.