Кори (јуфки)
Кори (јуфки), тестенини, зимница
Потребни состојки:

15 јајца
1 кг. млеко
Сол
Брашно околу 3 кг.


Јајцата и млекото се ставаат во подлабок сад и се матат. Во друг подлабок сад ставаме 2 кг. брашно, додаваме и малку сол, потоа во брашното полека ја истураме смесата од млеко и јајца и мешаме со рака. Додаваме и уште брашно се додека тестото не се соедини. Потоа, тестото го ставаме на синија за месење или работна маса и продолжуваме да го месиме тестото. Откако ќе го измесиме, тестото го оставаме да отстои околу 30 минути, а потоа го размесуваме и тестото го делиме на 15 до 20 мали пупки, и секоја пупка ја месиме посебно, ги редиме пупките на набрашнета подлога, внимавајќи да не се залепат една со друга, а потоа ги сукаме колку што е можно потенко и ги ставаме да се сушат на сонце, на чисти чаршави. Откако самите ќе испукаат, ги собираме во платнена вреќа и ги оставаме да стојата на суво и темно место. Вака спремени корите, можат да стојат неколку месеци.