Тавче гравче
Тавче гравче, главно јадење
Потребни состојки:

700 гр. грав (тетовски)
2 главици кромид
2 чешлиња лук
2 лажици брашно
5-6 листови суво нане
(мирудија)
Масло за јадење
Сол
Црвен пипер


Гравот се става во тенџере на оган да се вари (првата вода во која се вари гравчето се фрла), потоа ги додаваме главиците кромид и чешлињата лук. Го оставаме да се вари, но не и да се превари (зрната да останат цели). Исцедуваме дел од водата во која се вареше гравчето (во зависност од тоа, колку вода има останато, а гравчето го претураме во традиционална македонска земјена тава, ги додаваме и содробените кромид и лук. Во тава, настрана, ставаме да се загрее масло за јадење, ставаме 2 лажици брашно, откако ќе се пропржи малку додаваме и малку црвен пипер и со оваа смеса го запржуваме гравчето. Промешуваме, одозгора ставаме мирудија (мирудијата дава посебен, специфичен мирис, по кој е и познато македонското тевче гравче), и гравчето го ставаме во рерна са се потпече околу 20 минути на 220оС.