Тарана
Тарана, тестенини (зимница)
Потребни состојки:

5 кг. ирмик
2 кг. брашно
15 јајца
3 л. млеко
Сол


Брашното и ирмикот се ставаат на синија за месење (или во подлабок сад). Се прави смесата од јајца, млеко и 1 лажица сол и постепено се додава во брашното и ирмикот. Се замесува поцврсто тесто и за време на месењето неколку пати се кини на поситни парчиња за полесно да се измесе. На крај ситно искинатите парчиња тесто се ставаат на сонце да се сушат, а потоа се рендаат на метален дрмоњ (превртен наопаку). Изренданата тарана се досушува на сонце, на чисти чаршави, а потоа се собира во платнена вреќа. Се чува на суво и темно место и вака собрана тараната може да стои неколку месеци.

(тараната со малку масло за јадење се пржи на оган за малку да зарумени, а потоа се додаваат вода и сол по вкус. Тараната е готова откако ќе ја впие водата односно откако ќе омекне)


Дрмоњ, метално или дрвено решето за сеење жито