Јајчаник
Јајчаник, тестенини
Потребни состојки:

700 гр. брашно
1 коцка свеж квасец
10 јајца
1 л. Млеко
Масло за јадење
Сол


Свежиот квасец се раствара во млака вода, се додаваат неколку лажици брашно, малку шеќер, и се меша за да се добие кашеста смеса која треба да отстои околу 20 минути. Смесата се става бо брашното и се месе тесто како за лепче. Тестото се деле на 6 погачиња. Три од погачињата се расукуваат и се печат од двете страни врз плочата од шпоретот, а потоа се замотуваат во крпа за да омекнат малку. Останатите три погачи ги расукуваме во потенки и поголеми кори и ги ставаме една по една во подмачкан плех во кој ќе го печиме јајчаникот. Корите треба да бидат поголеми од плехот и помеѓу нив ставаме масло за јадење. Во плехот ги кршиме претходно печените кори. Потоа, ги матиме јајцата и мекото, додаваме и сол по вкус, ги истураме во плехот, ја резлеваме содржината подеднакво на сите страни и потоа ги завиткуваме краевите и јајчаникот го ставаме да се пече на тивок оган околу 1 час. Јајчаникот се служи топол, а може да се декорира и со косело млеко.