Бела домашна погача
Бела домашна погача, тестенини
500гр. + 250гр. вода
1 коцка свеж квасец
½ лажиче сол
1 лажиче шеќер
Брашно по потрева (околу 1 кг.)- тип 400


Во подлабок сад ставаме 500 гр. топла вода, ја ставаме коцката свеж квасец, додаваме и малку шеќер и мешаме додека не се растопи квасецот. Потоа додаваме 10 лажици брашно и повторно мешаме. Смесата ја оставаме да отстои околу 15 минути додека не се подигне нивото на смесата барем 5см. Откако смесата ќе стаса, ја истураме во подлабок сад во кој веќе имаме ставаме ½ кг. брашно, шеќерот и солтта. Полека замесуваме тесто. Во него ги додаваме преостанатите 250 гр. млака вода. По потреба додаваме уште брашно и потоа продолжуваме да месиме и на работната маса се додека тестото убаво не се соедими (да не се залепува по масата и по прстите). Го оставаме тестото, покриено, во длабок тестото да се отмори, после 20- тина минути го размесуваме тестото и го правиме во форма на топка. Го ставаме во набрашнета тава за печење и врз тестото нарасуваме малку брашно. Го ставаме да се пече околу 20 минути на температура од 170оС, додека не зарумени.