Погача од пченкарно брашно
Погача од пченкарно брашно, тестенини
 
6 мали чаши пченкарно брашно
2 мали чаши обично брашно
2 мали чаши зејтин
3 мали чаши кисела вода или кисело млеко
3 јајца
1 прашок за печење


Сите состојки се ставаат во длабок сад и се замесува тесто. Од длабокиот сад тестото се истура на набрашнета работна маса и се продолжува да се меси се додека целата смеса не се соедини. Тестото се враќа во длабокиот сад и се остава да отстои 20 тина минути, а потоа се става во тава за печење бр. 30 и се пече на температура од 170оС околу 30 минути.