Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
Скити (“Scythes”) е заедничко име за племиња од иранско потекло, кои во X век п.н.е се појавуваат во степските предели на р. Волга.

Скити на персиски рељефи

Подоцна, Скитите се потиснати од Сарматите па во VIII и VII век п.н., тие продираат на просторот помеѓу Дунав, Дон и Црното Море, на подрачјето Скитија. Со ова, тие доаѓаат во допир со Келтите и Тракијците. При ов, Скитите покоруваат и некои племиња од областите на р. Дњепар (Днеп`р). Во VII век п.н., Скитите продираат кон Кавказ во северните области на Асирија и со одделен дел како сојузници на Асирија допират до границите на Египет.

Скит коњаник на керамика од Украина
Ваквата нивна раздвиженост во маневарски простор со постојана опасност од нивни непредвидливи упади од најсеверни до најјужни и од најзападни до најиисточни предели, ги плаши останатите. Така, околу 512 год. п.н.е, Дариј I кралот на Персија го превзема познатиот Дариев поход на Скитите. Тој најпрвин ја завзема Тракија, потоа го преоѓа Дунав и според Херодот продира дури до р.Волга. Но искусните Скити ќе ја превземат стратегијата која по 23 века рускиот Генерал Кутузов ќе ја превземе против Наполеон и со која ќе го скрши тогаш најголемиот војсководец. Имено, и Скитите не пружаат организран отпор туку постојано се повлекуваат но и уништуваат се што пружа храна и вода. Ја убиваат сета стока и секое животно, ги трујат и затрупуваат бунарите и изворите, палат и пустошат се зад себе. Дариј и Големата армија се жедни и гладни па почнуваат да се враќаат. Сега Скитите удираат деноноќно облетувајќи во брзи и страотни напади врз веќе деморализираните Персијанци. Дариј за да спаси барем дел од својата Голема армија, принуден е да ја остави тешката комора, ранетите и болните, да го прејде Дунав и се врати во Азија.

Во IV век Скитите се во поширока племенска заедница на чело со кралот Атеј на чело, во која сега влегува и Добруџа (романски “Dobrogea”). Но ова води и кон судири со се посилната Македонија. Имено, Македонија со освојувањето на Тракија се повеќе се шири на север но и исток. Така, Филип II е првиот македонски крал но и воопшто нечиј крал кој конечно тешко ги поразува Скитите во 339 год. п.н.е. Со ова не само што не престанува влијанието на Скитите врз понтиските градови но тие заедно со се овие градови, целосно ја признаваат македонската превласт. Со упадите на Александар III Македонски преку Дунав кај Трибалите како и повремените походи и на другите Македонци - наследници на македонскиот престол, Скитите постојано ќе се држат под цврстата власт на Македонците. Всушност, токму под власта на Македонците тие ќе се доведат да останат само бледа сенка на некогаш најсвирепите и најборбени племиња на стариот свет. Во клинч помеѓу силната Македонија и ударите од грб од традиционалните нивни непријатели Сарматите, особено зачестени на преминот од III и II век п.н.е, Скитите постојано ќе се десеткувани, раселувани и претопувани. Сарматите со време (особено по падот на Македонија под Рим) речиси целосно ќе ја завладеат Скитија по што и воопшто ќе се изгуби секаква трага од Скитите и повеќе не се спомнуваат.

(Извори – “The Scythians”, Tamara Talbot Rice, London, 1961)