Џ. М. Кенворти (J.M.Kenworthy, Велика Британија)
Џ.М.Кенворти е роден во 1886 год. и е значајна личност на британското општество во првата половина на XX век. Тој најпрви се истакнува во британската воена хиерархија а потоа и во политичкиот живот на Британија.
Џ. М. Кенворти
|
Во британската воена морнарица стапува уште во 1902 год. поминувајќи од најниските чинови па нагоре. Така, ако во 1902 год. беше со чин знаменосец веќе во 1908 год. е унапреден во поручник, 1916 год. е поручник-командант, а во 1918 год. е заменик на началникот на Генералштабот на Гибралтар. Од морнарицата се повлекува во 1920 год. за да сега веќе длабоко се вовлече во политичкиот живот на Велика Британија. Имено, Кенворти веќе во 1919 год. е член на англискиот парламент како пратеник на Либералната партија и станува еден од најактивните парламентарци и политичари на британското општество.
Што тој вели во анкетата за македонското прашање:
“Сегашното решение на македонското прашање не е во согласност ниту со принципите на праведност ниту со принципите на слобода. Тоа претставува сериозна опасност за европскиот мир. Под реакционерните режими што владеат денес на Балканот, правата на малцинствата не се ни гарантирани ни почитувани; особено правата на МАКЕДОНЦИТЕ.“
во оригиналот:
“La solution actuelle de la question macedonienne n`est conforme ni aux principes de justice et d`equite, ni a ceux de la liberte. Elle costitue un grave danger pour la paix europeenne.
Sous les gouvernements reactionnaires qui regnent actuellement dans les Balkans les droits des minorities ne sont ni garantis, ni respectes; et cela est vrai surtout pour les MACEDONIEN. “
|