Диздар
“Диздар“ (од персиското “diz” што значи тврдина, град, крепост и сл. како и “dashten” што пак значи да се чува, држи и сл.) во турската држава е со првобитно значење “ чувар на градот“ а потоа и “командант на градот“ (“kastelan“, “porkulab“) и старешина “mustahfiza“ (чувар на градот).
Во турските градови, покрај другите родови војска, основна и постојана градска постава сочинувале “mustahfizi“ на чело со диздар. Останатите родови имале посебни старешини. Секое појако утврдување, имало свој диздар, а во еден град можело да има и повеќе ако имало повеќе тврдини (обично за Горни Град и Долни Град – Калето и долу, Солун, Скопје, Битола имале и по повеќе диздари).
Диздарот го поставувала централната власт во Цариград на предлог од санџакбегот т.е беглербегот и имале титули на аги; за својата служба уживале т.н.р “ gedik-timare“ (лено врзано за одредена служба). Неговиот помошник бел ќехаја (ќаа). Безпосебно одобрение не смеел да го напушта нити да се оддалечува од градот. Диздарите освен воената имале и значајна политичка улога на подрачјето од своите градови, особено во првите векови на турското владеење. Ова диздарска служба почнува да се укинува веќе од средината на XIX век натаму.
|