Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
Во последната декада (од 2000 година наваму), најкористени машки имиња во Македонија според Државниот завод за статистика на Република Македонија, се Филип и Александар.
Без малку 2 500 се со името Филип и 2 000 се Александар (од објавувањето на почетокот во 2008 год. до денес, излегуваат постојано нови со овие имиња).
Но уште еден куриозитет за Македонците денес е што се даваат и имиња на антички македонски богови, војсководци, филозофи и други значајни личности од антиката. Така според податоците вакви имиња се забележани повеќе од 150 и нивниот број постојано расте. Македон, Диониз, Клеоника, Хрисија, Калија...
Едноставно македонските антички имиња ги потиснуваат некогашните форсирани “југо-имиња”. Сепак интересно е што имињата Филип и Александар во сите векови се оддржуваат како најчести машки имиња на Македонците, тоа го потврдува уште првиот патеписец Виктор Григорович во првата половина на XIX век, а го потврдуваат и други после него. Македонците и тогаш и денес се со имињата на своите најславни кралеви-предци.
|