Хенри Вуд Невинсон(Henry Woodd Nevinson-Британија)
Хенри Вуд Невинсон е роден во Лестер. Студирал на Оксфордскиот Универзитет.
Хенри Вуд Невинсон (1856 - 1941)
Како талентиран писател е еден од најзначајните во Британија од првата половина на XX век но тој е и значаен новинар. Има многу патувано низ светот и пишувано за сосотојбите во Централна Африка, во Азија, на Исланд и во други земји.
 
Објавил бројни дела, меѓу кои позначајни се: “Војна во триесет дена “, “Лејди Смит “, “Модерно ропство“ (во кое ја изложува состојбата на домородците во Африка), “Руска зора“, “Новиот дух во Индија“, “Битката на Дарданели“ и др.

Невинсон е и угледен член на Независната Лабуристичка партија. Во однос на Македонија и македонскиот народ во анкетата ќе рече:

“Сегашното распарчување на Македонија е спротивно на правдата и на слободата и претставувa постојана опасност за мирот. Денешните балкански влади не ги почитуваат правата на етничките малцинства. МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈУГНЕТЕНИ ОД СИТЕ УГНЕТЕНИ НАРОДИ.“

во оригиналот:

“Le morcellement actuel de la Macedoine est contraire a la justice et la liberte et constitue un danger permanenet pour la paix.“
Les gouvernements actuels des Balkans ne respectent pas les droits des minorities ethniques. Des tous ces PEUPLES subjugues ce sont les MACEDONIENS qui sont le plus opprimes.”