Ефекти на наизменични удари
Кога индивидуата или народот се подолго време во ПОЛЕТО на ДЕЈСТВО ОД ТУЃАТА ПРОАГАНДА, пораките и влијанијата можат да се “поттураат“ и “демантираат“ (минимизираат) во зависност од тоа што на пропагандата моментно и (или не) одговара .
- Но човекот не е пасивно суштество на кое само другите чинители делуваат (пропагандистите) туку и тој е АКТИВНО суштество кое и самото делува на средината (ОКОЛИНАТА). Тој може да се определи за едната или другата страна и да стане – АКТИВЕН субјект.
Наоѓајќи се во полето на пропагандното дејство, индивидуата:
- НАИЗМЕНИЧНО прима – СПРОТИВНИ ПОРАКИ – Да се ангажира на ЕДНАТА или ДРУГАТА страна. Но како крајна последица може да произлезе – НЕАНГАЖИРАНОСТА.
Индивидуата ги прима ударите од кои кај послаби и колебливи личности може да предизвика и шокови. Ударите се примаат зашто поединецот (колективитетот) е ИЗЛОЖЕН НА НИВ.
- Тоа е СЕНДВИЧ – ЕФЕКТ (позиција). Се јавува како последица од натложените ефекти од наизменичните шокови и ПРЕСИИ. Оваа АПСТИНЕНЦИЈА може да го опфати целото суштество и да го доведе до општо БЕГАЊЕ ОД РЕАЛНОСТА. Ова важи и за КОЛЕКТИВИТЕТИТЕ (НАРОДИТЕ), кои се изложени на вакви ПРОПАГАНДНИ УДАРИ.
- Од ова и т.н.р “БИОЛОШКИТЕ НАГОНИ” кои кај поединецот може да се ослободат а заради постојаната напнатост и суморните мисли. Овие “биолошки нагони“ воглавно се сведуваат на стимулирање желба за алкохол, дрога, јаки седативи и сл. асе со цел “БЕГАЊЕ ОД СЕ”.
|