За жената
Најчеста методолошка грешка е поставувањето на “прашањето на жената“ емпириски и неговото определување, само врз нејзината реална позиција во светот.
Големото статистичко истражување на Кинси за улогите на жената
|
Ова е социолошко-биолошко категоризирање на човекот како суштество кое живее на повеќе нивоа. Значи, човековиот живот се лие во калапи: млада девојка, сопруга, вдовица, социјален помошник, слободна жена, вамп или приврзана жена. Таа е определена од нејзината улога. Овој метод инспирирал огромно статистичко истражување (Кинси – “Sexual Behavior in the Human Male”, 1948 [Сексуално однесување на мажот ]. Но така, принципите се превртени од тежината на бројките, нормативните судови се отфрлаат како неприменливи на масите, квантитетот станува квалитет, а реалноста на болеста и патологијата наеднаш се вели дека се здрави и нормални.
Суштинското прашање е неодговорено: вистинити ли се типовите на жени создадени од историјата? Кореспондираат ли на женската метафизичка вистина? Нормативни ли се? Емпирискиот метод, ограничен од податоци, не обезбедува одговори на овие прашања. Во најдобар случај, може само во поостар фокус да ги изнесе девијациите што се случувале низ вековите.
Брзата еволуција носи длабоки промени во социјалната реалност. Технологијата за домаќинството ја ослободи западната жена и постави сериозно прашање: како да се уреди слободното време и кон која цел ? Што со огромниот резервоар на човековата енергија што го добивме наеднаш?
Од сосем различен агол, слободната, образована жена на Африка е вон дофатот на мажот таму. Таа не го прави она што го правеле претците и да работи во служба на мажот. Длабока е промената што го исфрла мажот од рамнотежа.
Дури и ако односите меѓу расите и социјалните класи се уште зависат од древните форми, еднаквоста видливо се потврдува се повеќе во правец на поделени одговорности и на професионално ниво. Сега жената е поврзана со мажот во политичките, социјалните и економските арени. Со повелбата на ООН за правата од ООН, жената е на исто економско и социјално ниво како мажот.
Во такви услови Христијанството е зад времињата. Црквата ја има пораката за ослободување, но сега други се “ослободители“. До пред само век токму тие “напредните“ (особено економски) ја експлоатираа жената и и ги кршеа сите човекови права. Тогаш само црквата ја штитеше жената како еднаква на мажот.
Кога “добрите луѓе“ се повлекуваат, други сили ги превземаат истите задачи, но со различни принципи по својата природа туѓи на Христијанството. На рака им одат и тоа што некои теолози бескрајно дискутираат за “потчинување” и “авторитет” дали е мажот главата и сл. суви дискусии кои заобиколено злокобно повикуваат молчење на сите жени. Во овој поглед муслиманите би биле пологични во потчинувањето но такво барање за молк во буквална смисла во Христијанската историја на обрнување пагани, би ги осудило сите жени кои литургиските текстови со почит ги нарекуваат “рамноапостолски“.
Во Библијата нема целосна идеологија за жената но само неколку текста од патем изречени зборови кои зависно до аналитичарот различно се толкуваат. Вчудоневидувачко е поедноставувањето на библиската приказна дека жената е земена од мажот и прва паднала но и да се заклучи дека настанала од реброто на мажот а од неговиот бок и нејзиниот бок човештвото доживеало бродолом многу пати!
Зошто е разликата во несразмерното однесување меѓу мажот и жената? Која е смислата, скриената цел што ги анимира дејствувањата и принципот што го вдахновува? Жената има свој облик на суштествување, свој начин на постоење. Таа има свои интуиции и судови, свој идеален свет и начин на ткаење свое битие во односот со другите и со себе. Сексуален партнер на мажот, мајка на неговите деца, социјален работник, но тоа ли е се? Која е тајната на жената? Итрината на змијата и невиноста на гулабицата, не залудно мистичките созерцувања често жената ја нарекуваат “престол на мудроста“.
Лудвиг Клајџ со свој дуалистички поглед за жената
|
Човекот е космичко суштество а пулсот на космичкиот живот објаснува дел од него. Биологијата ја смета тензијата на поларните спротивставености за прв услов на животот. Лудвиг Клајџ брани метод на поларизирана целина, сметајќи дека “постоењето на мажот е натопено со женственото, а постоењето на жената е исполнето со мажественото“ (Der Geist als Widersacher der Seele (Leipzig, 1932), III, 2, 1316-17). Иако мажот постои зашто го родила жена како што и жената постои зашто е плод и на мажот, па оттука и логиката на Клајџ за стопеноста на едното со другото, сепак има и поинакви гледишта. Романтичниот менталитет на Јаков Бахофен воведува фатално искривување: како што месечината својот сјај го прима од сонцето, така и жената стекнува вредност само од нејзиниот однос со мажот (“Introduction” [“Вовед”] на Mother Right [“Правото на мајката”] во Myth, Religion, and Mother Right [“Мит, религија и правото на мајката”], Selected Writings of J.Bachofen, Bollingen Series LXXXIV (Princeton University Press, 1967), 114.
Од овие два спротивни става, мора да се избере или мажот и жената, во нивната различност, еднакво поседуваат секој според својата природа светлина и сенка, позитивно и негативно, правилно и погрешно, откривајќи се како добро избрани и нужни комплементарности (силата на логичката анализа здружена со директната, ининуитивна сила на разбирањето и.т.н); или имаме несведлива противречност меѓу Јанг и Јунг, меѓу пасивното и активното, меѓу земјата, ноќниот воздух и хаосот, од една страна, и денот и поредокот, од друга. Таквиот поедноставен метод на прости спротивности што неминовно води до конфликт на спротивностите што нема победник (суштината на сонцето е трајно спротивна на суштината на земјата), до потполна зависност на едниот од другиот (жената како месечево суштество), или до автономија и целосна независност на сферите.
Симон де Бовоар иако прави длабоки студии за жената не може да побегне од некои пристрасности
За ова анализираат и Жан Пол Сартр, Симон де Бовоар во “Вториот пол“ (Simone de Beauvoir: Second Sex, New York: Knorf, 171) но и античките книги на Платон (“Simposium”, 189 D), како и Еврејскиот Мидраш. Последниот е посебно интересен кога вели:
“Во почетокот, мажот и жената обликувале едно тело со две лица. Бог ги одвоил, секому давјаќи му грб“. Ова е блиску до библиското симболично откровение за Ева која се одвојува од Адам. Човекот со ова, првобитно формирал духовно единство (маж-жена), а единствената човекова суштина претходела на секое диференцирано постоење.
Но тоа не е така кај авторката Симон де Бовоар, таа се нафрла врз бруталниот факт дека општо земено, токму мажот се идентификува со човечко суштество. Зад кулисата на мажот, без тајна, се појавува жената која како да не поседува сопствена судбина и не е ништо друго, освен конститутивен елемент на машкото суштество. Жената се определува само во споредба со мажот, а таквата дефиниција по нужност е негативна. За де Бовоар, “инаквоста” (“alterite”) на жената, лежи во нејзиното физичко суштество и сите психолошки разлики се изведени од еротско-сексуалната разлика меѓу половите. Преку своето тело, мажот го држи цврсто светот, а пак со нејзиното потчинето тело, жената го издржува светот.
Де Бовоар во жената не ја гледа тајната славена од поетите. Женствената суштина ја редуцира на обична енигма несфатена докрај. Таквата антропологија се покажала алармантно наивна, заснована на метафизичка празнина. Ова ја води кон апсурдност, до “поништено” ништожество што тогаш? Човечкото суштетсво е само она што го прави. Ниту еден од нејзините “проекти” не се издига над емпириското. Секоја трансенденција е заробена во затворените меѓи на овој свет, во “поткопаната бесконечност” на човековите проекти. Не постои трансенденција на оваа затворена тоталност кон другиот, зашто Другиот не постои и над се, човекот не е Божји проект. Есенцијата сосема престојува во егзистенцијата, во чистата субјективност. Единственото што останува е грчевитата очајна битка меѓу две “инаквости“.Единствената средба е средбата на два сексуални партнери, единствената екстаза е екстазата на “кратката вечност на задоволството“, кога за миг секој суштински се потврдува, но конечно, секој е совршено бескорисен. (“The Mandarins” – “Мандарини“, 1956)
|