Тито “најголемиот херој” на СФРЈ и светот
За да се сфати суштината на Титовото владеење како доживотен и единствен државник на СФРЈ, треба да се увиде и како постепено се гради неговиот култ.
Уште од пред крајот на војната, Тито постепено и вешто ја елиминира сета интелигенција која како и него ги мина сите премрежија на војната. Сега, истата почна да му претставува своевидна “конкуренција” кон целосната власт (или пак можеше да го попречува). Преку најблиските почна да си се реди со највисоките одличија кое нешто продолжи за цело време на животот. Особено е вешт и со странските лидери со кои си споделуваа одличија од сите можни рангови. До крајот на животот Тито од одличијата на СФРЈ ги доби:
Орден "Народен херој", највисоко одличје во Југославија
|
Орден “Народен херој” - три ордени (20.XI.1944 год.-првиот, 24.V.1972 год. – вториот и 24.V.1974 год. – третиот)
Орден “Југословенска голема ѕвезда”
Орден ”Јунак на социјалистичкиот труд”
Орден на ”Народното ослободување”
Орден на ”Военото знаме”
Орден ”Југословенско знаме со лента”
Орден ”Партизанска ѕвезда со златен венец”
Орден на ”Републиката со златен венец”
Орден ”Заслуги за народ со златна ѕвезда”
Орден ”Братство и единство со златен венец”
Орден на “Народната армија со ловров венец“
Орден “Воени заслуги со голема ѕвезда”
Орден за храброст.
Арсеналот пак одличија од сите можни земји со најразлично политичко-државно уредување (од монархии, капиталистички, комунистички до дикататорски режими).Некои, како што ке се забележи денес и не постојат како држави или се со изменети уредувања и граници. Особено се интересни и прогласувањата за “Витез“ од различни степени кај западно-европските земји, што укажува и на другата Титова страна – неговата улога во масонството. Заклучно со 1978 год. (помалку од две години пред смртта на Тито) тој ги доби следните одличија според азбучен ред на државите :
ЕВРОПА
Австрија
-Голема ѕвезда на Орденот за заслуги за Република Австрија
Белгија
-Големиот крст на Орденот на Леополд
НР Бугарија
-Орден “Народна слобода 1941-1944”
-Орден “9-ти септември 1944 од I степен “
-Орден на Георги Димитров
Тито во посета на Велика Британија и пречекан од кралицата Елизабета II со највисоки почести
|
Велика Британија
-Орден “Витез на Големиот крст од највисок ред на бањите”
СР Германија
-“Голем крст на Орденот за заслуги на СР Германија”
ДР Германија
-Орден “ Голема ѕвезда на пријателството меѓу народите“
- Орден на Карл Маркс
Грција
-Голем крст на Орденот од спасителот
Данска
-Орден “Витез од редот на слонот“
Италија
-Орден на Голем крст за заслуги на Република Италија
Луксембург
-Орден “Витез на златниот лав на домот на Насау“
Норвешка
-Голем крст на Орденот од Свети Олав со гердан
НР Полска
-Медал на победата и слободата 1945
-Партизански крст
-Орден на “Крстот на Грунвалд од I ред“
-Орден за воени заслуги
-Орден на Големиот крст на преродбата на Полска
Португалија
-Големиот гердан на Орденот на Дон Хенрик
СР Романија
-Гердан на Орденот на Карол I
-Орден “Витез Михаил од I ред “
-Орден “Витез Михаил од II ред “
-Орден “Витез Михаил од III ред “
-Орден “Ѕвездата на СР Романија од I ред “
-Орден на победата на социјализмот.
Тито во неговата врховна униформа накитена со ордените на заслуга
од различни земји со различно
политичко уредување
|
Р Сан Марино
-Голем крст на Орденот за граѓански и воени заслуги на Сан Марино, на гердан.
СССР
-Орден “Суворов “
-Орден на победата
-Орден на Октомвриската револуција
-Јубилеен медал по повод 20-годишнината од Великата татковинска војна
-Орден “Ленин “
НР Унгарија
-Голем крст со ѕвезда на Орденот на Унгарската Република
-Орден на Унгарската Народна Република од I степен
-Орден на знамето на Унгарската Народна Република од I степен
Финска
-Фински орден на белата ружа со гердан.
Франција
-Воен крст 1939-1945
-Воен медал
-Голем крст на орденот на Легијата на честа
-Орден на боречки заслуги
-Национален орден за заслуги.
Холандија
-Голем крст на Орденот за заслуги на холандскиот лав
Чешкословачка ССР
-Орден на Белиот лав од I ред
-Воен орден на Белиот лав “За победата “
-Орден на словачкото народно востание од I ред
-Крст за заслуги
-Чехословачки воен крст
-Орден на Белиот лав од I ред со гердан
Шведска
-Кралски орден “Серафим “
АЗИЈА
Авганистан
-Голем гердан на Орденот Алмаре Ала
Бурма
-Голем гердан на Орденот Ага Маха Тири Тудама
Тито во разговор со Индира Ганди
Индонезија
-Орден за храброст
-Орден “Сакти “
-Орден на Големата ѕвезда на Република Индонезија од I ред
Ирак
-Орден “Ел Рафиден “ од I ред
Иран
-Орден “Пахлави “
-Орден по повод 2 500-годишнината на иранското царство
Јапонија
-Големата лента на највисокиот орден на хризантемата
Камбоџа
-Кралски орден Камбоџа од I ред со лента
-Голем национален гердан на независноста
ДР Кореја
-Орден херој “херој на Републиката“
-Орден на државното знаме од I ред
НР Монголија
-Орден на Сухе-Батор
Непал
-Орден на Оѓасви-Реѓанија
Пакистан
-Орден на Пакистан
Сирија
-Национален орден на одликувањето на Омај од највисок степен
Тито во разговор со Ел Гадафи
АФРИКА
Гвинеја
-Крст на соборецот во борбата за независност
Етиопија
-Голем гердан на Орденот на Кралицата од Саба
-Воен медал на “Св.Ѓорѓе” со победоносни лисја
-Медал за одбрана на татковината со пет палмови лисја
Замбија
-Висок заповедник на Орденот од Големиот соборец за слобода од I ред
Камерун
-Голем крст на Орденот за достоинствата на Камерун
Кенија
-Орден на златното срце на Кенија од I ред
Конго
-Орден за заслуги на Конго
Либерија
-Голема лента на Орденот на витештвото на пионерите на Република Либерија
Либија
-Орден на Републиката
Мавританија
-Голем крст на Мавританија
Мароко
-Голем гердан на Орденот Мохамеди
ОАР (Египет)
-Голем гердан на Орденот на Нил
Сенегал
-Национален орден на лавот
Сомалија
-Орден на сомалиската ѕвезда
Судан
-Голем златен гердан на Орденот на честа
Того
-Орден на реката Моно
Тито во посета на САД и Џон Кенеди
|
Тунис
-Голем гердан на Орденот на независноста
Централно-африканска Република
-Голем крст на Орденот за заслуги на Централно-африканската Република
ЈУЖНА АМЕРИКА
Боливија
-Голем гердан на Орденот на андскиот орел
Бразил
-Голем гердан на Националниот орден на јужниот крст
Венецуела
-Орден на ослободителот
Панама
-Орден на Мануел Амадоре Уерера од I степен
Чиле
-Голем гердан на Орденот за заслуги на Република Чиле
СЕВЕРНА АМЕРИКА
Мексико
-Гердан на Националниот орден на астешкиот орел
-Медал на независноста.
Со ваков арсенал одличија од преку 15-тина домашни и близу 100-тина странски одличија од кои најголемиот број се највисоките (обично Ордени) разбирливо е што никој и никогаш не можеше да го засени Тито и неговиот култ граден така истрајно.
И не ни чудно што и денес по три децении има текови низ Балканот што го воскреснуват овој култ на Тито. Но кај нас во Македонија со поединечните активности на самодекларирани Титови следбеници, всушност само се дорасцепкува македонското национално ткиво (по делбите на верски, партиски, туѓонационални-бугарофили,србофили,гркофили и.т.н, сега и на југо-носталгичари). Потребата од живеење во времето кое ниту повеќе постои ниту може да се врати – Титовото, е само доказ и за човековата имагинарна потреба кај одреден слој луѓе за водство под таков авторитарен култ.При оваа магла се памтат само некои “добри и праведни“ мигови од тоа време додека оние лошите (а ги имаше во поприлично сегменти од тоа општество), се потиснуваат и намерно забораваат т.е не се спомнуваат.
|