Битката и Македонците во антиката
Битката (eng. “battle”, fran. “bataille”, ital. “battaglia”, germ. “Schlacht”, рус. “битва “, “сражение“) е борба помеѓу големи сили на копно, море и воздух од чиј исход зависи судбината на цела војна или нејзин значаен период на воиштето.
Во рамките на операциите, битката има свој индивидуалитет одреден со просторот и времето во кои е одиграна, со командното единство, ангажираните сили и целта. Оперативната (стратегиска) концепција на битката и нејзината тактичка структура значајно се менувале низ историјата.

Тутмес III во 1478 год. п.н.е ја води првата борба со карактер на битка (обиколен маневар)
Прв копнен судир со карактер на битка е оној од 1478 год. п.н.е кај Мегида, кога фараонот Тутмес III со обиколен маневар извојува победа. Рамзес II, со понепредвидлива битка, во 1295 год. п.н.е, расцепкан во делови налетува на построените Хети, но победил заради бројната надмоќ и расчленетоста на својата војска. И во обата случаи, со обостраните ангажирања на сите расположливи сили на воиштето, Египќаните всушност ја постигаат превласта над денешните делови од Израел, цела Палестина и Сирија (во двете битки се истакнуваат стрелците на двоколките).

Но кога се во прашање битките на Македонците по раните битки- просторно поограничени, поинтересни се подоцнежните. Особено од Филип II, син му Александар III Македонски и следните македонски кралеви.Со тие битки Македонците постигнуваат превласт над едни од најстратегиските морски и сувоземни правци и региони на светот. Кулминирајќи во својата сеопфатност и брзина, битките за она време се со современ пристап од страна на Македонците. Истовремено се и судири на збиени маси од тешката пешадија вооружена за блиска борба, при што лесната пешадија со фрлачки оружја (па и коњицата), каде и да ги било играле незначителна улога. За разлика од грчките начини на водење битки, македонските се далеку позрели, подиректни, сеопфатни и сигурни.Токму расчленетоста на фалангите од Филип и син му Александар, им дава на нивните битки многу повеќе динамизам, но и тие ги водат средено и на ограничено воиште.

Ако против Грците на Македонците им била доволна само една битка, против Персијците биле потребни 3 големи битки за нивно покорување
Македонците против Грците, Илирите, Трибалите и др.околни кралства, обично само со една битка ја решавале војната, како она кај Херонеја од 338 год. п.н.е против обединетите грчки држави. Но за конечното рушење на Персија како голема империја, на Александар ќе му се потребни три големи битки, покрај помалите.Во овие клучни битки на Александар ќе му требаат сите расположиви оперативни сили (по ова пак, ќе му е доволна само една битка за да го завладее Пенџаб).

Во првата голема битка кај Граник, Персијците се зад реката која ја користат како препрека, очигледно зашто се осетиле послаби од Македонците.Дотогаш сите битки, кои можат да се уочат се биени на рамнина. И во следната битка кај Ис, Дарие користи иста препрека криејќи се зад река, што пак покажува слабост во однос Македонците.

Оваа битка е позната во историјата како прва водена со свртени фронтови (обострано со лицето кон своите комуникации и субјекти).


Третата битка кај Гавгамела, Персијанците пак ја водат на рамнина (и малите нерамнини претходно ги рамнат) за да можат да ги воведат двоосовинските воени коли кои овде се во акција појасно одошто кај Тимбра. Во оваа битка Македонците првпат се судруваат и со слонови кои Персијците ги внесуваат како изненадување со чија помош мислеле дека ќе ги поразат (иако слоновите се во ограничен број). Со далеку побројни ескадрони на слонови, Македонците се судираат подоцна во Индија (326 год. п.н.е во битката кај Хидасп против кралот Пор), но и таа битка ќе ја добијат и со неа ќе ја решат судбината на Индија. Во сите битки за цело време кралот е личен пример, Александар е во првите редови изложен на бројни рани и повреди исто како татко му Филип но и сите македонски кралеви пред тоа.


Во битката кај Хидасп во 326 год. п.н.е против индискиот крал Пор, Македонците се судираат со бројни ескадрони слонови - средновековна илустрација