Воената секира и Македонците
Воената секира (lat. “securis i bipennis”, fran. “hache d`armes”, germ. “Streitaxt”, eng. ”battleaxe”, ital.”azza”), спаѓа во најстарите и најраспространетите ладни оружја за блиска борба чии развој може да се следи уште од праисторијата па навака.
Така, првите воени секири се од грубо делкан камен а подоцна се бронзени и железни (соодветно на времето) и се веќе подобри за употреба. Дршките им се од дрво или метал, рамни или свиени.
Пресеци на пронајдени секири од македонските локалитети
Во Македонија има присуство на воената секира од сите периоди што впрочем го докажуваат и големиот број наоди по локалитетите. Но Македонците подоцна ќе донесат и најразлични воени секири и нивна соодветна стилска преработка од краевите и земјите кои ќе ги освојат со Александар III Македонски. Така од најдалечните краеви на македонската империја - од Индија ќе донесат секири со сечиво од полукружен облик, и тоа едносечни наречени “tarangalah” и двосечни наречени “tabar-zagnol”. Од Египет пак ќе донесат едносечни воени секири со едноставно сечиво или во облик на двојна полумесечина наречени “tem”, од Вавилон секира со чекан, потоа едносечни и двосечни секири (користени уште и од Асирците) и.т.н.
Еден специфичен примерок на двосечна секира
И во Средниот век воената секира доживува свој развој. Во Македонија на нејзиниот развој и употреба, особено работат Византиските цареви од македонската династија. И сите македонски кнежества пред и по Самоиловото царство и со се него, во своите војски ќе ја користат воената секира како постојано борбено средство, што се осознава од реконструкциите на наодите од овие периоди.
Примерок од хелебрада
|
Иако воената секира првично и долго време е само пешадиско оружје, токму во Средниот век со зајакнувањето на оклопот и кај коњаниците, ја прифаќа и коњицата, зашто оклопите веќе не можеле да се пробиваат со копје и меч. Крстоносците кои токму низ Македонија ќе протатнуваат но и ја завладуваат, ќе ја прифатат од Византијците а од Арапите уште повеќе ја усовршуваат. Така, на почетокот од XIII век на врвот од копјето е додадена еден вид секира и кука со што настанува “helebarda” (во Фландрија речиси идентична од ова време наречена е “godendag”).Тежнеењето да се зајакне ударот доведува до тоа да во XIV век се продолжи дршката, а се додаваат и кука и шило со што се добива нов тип на “helebarda”.Но веќе кон крајот на овој век Македонија и дефинитивно паѓа под вековна власт на Османлиите со што за долго се губи привилегијата и на Македонците да учествуваат во развојот на ова оружје. Се што по овој период и ќе користат или се користи воопшто во Македонија, ќе се турски воени секири или од нив донесени од освоените и поробени кареви.
Примероци од двосечни средновековни секири
|