“Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
“Бесмртните“ (“Atanatoi”), претставуваат одбрана стоечка пешадија на Персија од времето на династијата на Ахеменидите, која ја формира Кир постариот.
Бесмртните од Суза на теракотен рељеф
|
Наречени се со ова име затоа што нивната бројна состојба од 10 000 луѓе постојано се оддржувала во точно истите рамки низ сите периоди и владетели.
Во однос на другите сатрапии, “Бесмртните“ околу кралот образувале централна резерва со која се држело на куп огромното царство со мноштвото од најразлични народи и религии. Во војните пак тие се ангажирани во најзначајаните операции и во одлучувачките моменти. Каква сила претставувале во стариот свет особено ни опишува уште Херодот но и оние по него.
Но токму при судирот со македонската тешка пешадија-главниот нивни противник, “Бесмртните“ ќе го доживеат својот дефинитивен крај. Едноставно квалитетот на македонските тешки фалангисти тие не можат да го достигнат ниту да се носат рамноправно со него па најгрубо ќе бидат исклани речиси до еден како најверни војници на Персија. По битките кај Граник (334 год. п.н.е), Ис (333 год. п.н.е) и Гавгамела (331 год. п.н.е), нема да остане ниту трага повеќе од оваа некогаш најславна и најстрашна персиска војска. Македонците ја збришуваат од историјата на војните и од историјата на стариот свет.
(Извори – “Историја“,Херодот ; “Vojna enciklopedija”, Beograd 1958, str. 631)
|