Аугустинчиќ со првите пари и ордени на ДФЈ
Антун Аугустинчиќ познат и признат вајар-скулптор и уметник на кралството Југославија и во новото комунистичко време активно се вклучува кога на Тито му се наоѓа не само како сонародник но и како креатор во создавањето на некои важни државни сегменти.
Аугустинчиќ креаторот на новите социјалистички банкноти и одличија
Имено, Аугустинчиќ е од Тито испратен во Москва каде заради поголемите материјални државни ресурси и технички можности, ги оформува и изработува новите југословенски средства за да тргне крвотокот на новата комунистичка економија и државна управа.

Така, според известувањето на шефот на Воената мисја на НОВЈ во Москва Генералот Терзиќ од 25 ноември 1944 год. (а на барање од Тито), Аугустинчиќ ги завршил сите работи на новите банкноти на Југославија и треба да тргне од Москва (Аугустинчиќ трга на 26 ноември 1944 год. со својата сопруга за Белград). Со ова трга и економијата на новата држава и новиот банкарски систем олицетворен сега и со нови комунистички мотиви и симболи на “братство-единствената” држава, идната ДФЈ (Демократска Федеративна Југославија), како е првично именувана.

Но тоа е само едниот сегмент (економскиот) каде Антун Аугустинчиќ го дава својот најкреативен уметнички и “патриотски” долг кон новата комунистичка држава, другиот е во “морално-духовната” сфера на новата држава. Имено тоа е изработката на ордените и медалите како неопходни елементи кои ќе даваат поттик на оние кои лично се здобиле со нив или служат за пример на други (кога се доделуваат на претходниве или пак на загинати лица).


Една од повоените банкноти со трудбенички мотиви

Орденот „Народен херој на Југославија“ како визуелно решение на Аугустинчиќ е еден од првите официјализирани
Така првите ордени и медали за поттик на новата администрација и воена клика, но и народните маси, Аугустинчиќ ги осмислува и изработува во Москва. Тие се излиени во СССР (Орденот народен херој, Орденот партизанска ѕвезда од I, II и III степен, Орденот за храброст, Орденот братство и единство, Орденот народно ослободување и Медалот за храброст) а беа готови на 01 јули 1944 год. Постапувајќи по наредбата на Тито, воената мисија на НОВЈ при Москва во дописот од 25 ноември 1944 год. одговара дека сите изработени ордени се испратени во Југославија со авион од 22 ноември 1944 год.