Не само тоа подоцна ова истото искуство и од само една битка го применил на цели народи и територии. Имено сваќајќи дека Христијанството е религија која веќе освоила големи територии и народи и официјално го прогласил како единствена државна религија. И самиот се преобртил во Христијанин а подоцна го свикал и првиот Вселенски собор во 325 год., се разбира повторно заради влијание на сите Христијани и народи.
Всушност преку Христијанството и институцијата – “Вселенски собор“, Константин и др. подоцнежни цареви се здобиле со тело за полесна доминација над народите особено по поделбата на царството. И ден денес Вселенскиот собор како институција ја има истата улога за полесно влијание над народите каде има православни но и мн. пошироко. И најмалку и е битна вистинската грижа за православните народи, туку сопствената комоција и престиж. Доказ за ова се Анатемите кои овој собор ги фрлаше врз сите востанија на православните народи (дури и на Грчкото востание, а и на нашите македонски востанија особено на – Илинденското) се разбира во дослух со Турскиот двор.