Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
Уличното осветлување на градовите први го воведуваат Македонците во градот Александрија. По најголемиот изграден светилник во антиката токму во Александрија на островот ФАРОС, Македонците ја увидуваат големата предност од осветлувањето.


Фарос - светилникот во Александрија најголем во антиката, дело на македонските владетели

Не само што бродовите сега немале проблеми во навигацијата избегнувајќи ги подводните места со карпи, но се сфатило дека уште подобро ќе е и целиот град да се распознава со своите заливи и пристаништа. 

Затоа, македонските архитекти покрај уличното осветлување, ПРВИ во исто време воведуваат и поплочување на градските улици од што пак се јавувала дополнителна рефлексија на уличните светла. Поплочените улици ја зголемиле и хигиената на градот а и биле нов попрактичен напредок на уличниот сообраќај. Ниту Рим немал осветлување и поплочени улици кога тоа го воведува македонската династија Птоломеи во Александрија. Таа е и прва во историјата по најголемите и најшироки улици, најголемата библиотека, првите музеи и.т.н

Хеленските (грчки) градови во просек биле до 20 000 жители што во однос на 300 000 Александрија која на моменти и го надминувала овој број, не овозможувало потреба за големи градителски потфати од типот на Александрија. Впрочем овој принцип и денес е ист, во САД големите метрополи се со најголеми градителски потфати како мостовите на Сан Франциско или облакодери, метроа и сл. за кои пак нема простор во мали градови како нашите на пример.


Со осветлувањето се воведува и поплочување на улиците во Александрија - како прв град во светот по тоа

Секако за се што токму во Александрија е изградено е најзаслужна нејзината местоположба и првите македонски архитекти. Првиот најзаслужен од нив е Македонецот Динокрит архитект на Александар III Македонски по чија и замисла е изграден Александрија но и Атон на Света гора. Динокрит имал и свое гесло: “Само ако е невозможно, вреди да се гради“ т.е го применувал принципот на невозможното, принцип по кој подоцна многу македонски архитекти ќе одат.