Анексија

Анексија (Lat. “annectere” – припојување, спојување) е акт на еднострано припојување на туѓо подрачје кон некоја држава.


Анексијата е честа појава во историјата како последица на војни или закани со војни при што можат да се анектираат делови од држави или цели држави.

1. Попознати случаи со анексии на цели држави се:

• анексијата на Тексас кон САД во 1843 год,
• анексијата на Хановер и др. државички кон Германија во 1866 год,
• анексијата на Етиопија (1936 г.) и Албанија (1940 г.) кон Италија.
• анексиите на Австрија (1938 г.), Чехословачка (1939 г.) кон Германија.
• анексиите на Етиопија (1936 г.), Албанија (1940 г.) кон Италија.

2. Попознати случаи со анексии на делови од држави се:

• анексијата на Алзас и Лорен во 1870 г. и во 1940 г. кон Германија,
• анексиите на Македонија во 1913 г. кон Бугарија, Србија и Грција,
• анексиите на Македонија во 1941 г. кон Бугарија и Италија, и другите анексии на Ју-кралството кон Унгарија, Германија и Италија во 1941 г.


Деловите од Македонија кои си ги анектираа нејзините соседи - „ослободители“ од Турците во 1913 година


Анексијата може да е легална според меѓународното право, или илегална, ако е спроведа со повреда на ова право. Може да се изврши во договор со поранешниот суверен без оглед на неговата воља, па дури и против неговата воља и дејствува без оглед дали трети држави ја признаваат.

Случај на прикриена анексија настапува кога стариот суверен формално ги задржува правата, а територијата преоѓа под фактичка власт на државата која ја врши анексијата. Тоа често се случувало за време на експанзиите од колонијалните сили кои на домородните владетели им оставале само номинална власт. 

3. Попознати случаи на прикриени анексии се:

• анексијата на Босна и Херцеговина кон Австро-Унгарија од 1878 год. отворена извршена дури 1908 год.
• анексијата на Конго кон Белгија од 1885 год. по пат на персонална унија, отворено извршена дури во 1908 год.
• Анексијата на Кореја кон Јапонија од 1905 год. по пат на протекторат, отворено извршена во 1910 год.
• Најнов пример е Косово - “меѓународен“ протекторат од 1999 год., а од 2008 год. – држава. За очекување е последната фаза - официјално анектирање кон “матичната” – Албанија во годините кога ќе се создадат соодветени услови за тоа.


Мапа на Австро-Унгарија и земјите под нејзина власт

Анексијата за разлика од окупацијата има за последица промена на сувереноста над анектираната територија. Окупираната територија доаѓа под вистинска власт на окупаторот, но само привремено и без промена на сувереноста. Земјите на Антихитлеровата коалиција во 1945 год. целосно ја покоруваат Германија, но не и ја анектираат територијата кон одредени членки на коалицијата. Дури и целата територија на една држава да е окупирана за време на војната, старата држава со тоа не ја снемува, ако поранешната влада со помош на сојузници, ја продолжи војната.

Пример се многуте држави во II-та светска војна окупрани од силите на оската, без оглед што полседниве се трудеа да докажат дека старите држави ги снемало. Според меѓународното право, не се смета дека окупираната држава е целосно покорена (“debellatio”) ако таа му припаѓа на воениот блок кој сеуште се бори.

(Извори – W. Schatzel, Die Annexion im Volkerrecht, 1921; W. Schatzel, Die Annexion im Volkerrecht, Archiv des Volkerrechts, II тет. 1949; C.C.Hyde, International Law, Chiefly as Interpreted and Applied by the United State, I, второ издание, 1945; Scheuner, Die Annexion im modernen Volkerrecht, Friedens-Warte, III тет. 1949 ; Vojna enciklopedija 1, Beograd 1958 god., str. 150-151)