Македонско писмо кое најдолго патуваше
По Илинденското востание, турскиот терор врз македонскиот народ земал страотен замав.
Но натамошниот отпор и борба морале да продолжат и во такви услови. Затоа ВМОРО се насочила и кон анимирање на светската јавност со последиците од востанието како и потребата од притисок врз Турција за издејствување на автономија за Македонија.
Во врска со ова ВМОРО пратила писмо до меѓународната јавност адресирано преку француската метропола Париз во кое детално биле опишани тешките услови за живот на поробениот македонски народ, особено влошени по Илинденското востание во 1903 година.
Но трагедијата и злосудбата на македонскиот народ дури и во вакви активности замешува прсти па писмото од причини “кои не се познати и јасни“ патувало цели 75 (седумдесет и пет) години. Токму затоа ова писмо се смета за најдолгопатувачкото македонско писмо од праќачот до примателот и не само во македонски рамки но и пошироко е во првите неколку такви и во светски рамки.
|