Бункер од Мажино линијата во Франција
|
Така под ансамбл во военото инженерство се подразбира самостоен збир од утврдувања во постојаната фортификација, главен наслон (fr. “ouvrage principal”) и составен дел на утврдениот фронт.
Поимот ансамбл во оваа смисла се јавува при изградба на “Мажино линијата” од Французите, во која тој претставувал цел подземен град со касарни, болници, складишта, енергетски централи, што се било меѓусебно поврзано со тунели оспособени за сообраќај од моторни возила или електрични железници. На самата површина од земјата се гледале само куполи од орудија и набљудувачници, кои биле поврзани со лифтови или хоризонтални комуникации со останатите елементи на збирот.