Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е еден од најуспешните императори кој и носи процут на Византија. Со низа мерки ја зацврстува државата и поведува воени походи кои и носат големи придобивки и средства.
Тој ги совладува Исавријанците и за заштита на Цариград во 507 год. го подига “Долгиот ѕид“ од Селимбија на Мраморно Море до Декрон на Црно Море. Го подига и утврдува Дарас како главен бастион на месопотамската граница. На својот наследник Јустинијан I, по смртта во 518 год. Анастасие I како грижлив државник, му остава огромна залиха на сума од 320 000 фунти злато.Токму со овие средства Јустинијан I тргнува во нови походи и уште поголеми освојувања а со тоа и приходи за преполната државна каса.
Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518)
Се ова предизвикува големи градежни зафати во империјата од кои најголемите се токму во родната земја на Јустинијан I , Македонија. Имено се градат импозантен број на тврдини, мостови, патишта, манастири и цркви дури и градови (Јустинијана Прима) за што сведочат и денешните остатоци кои добиваат имиња по подоцнежни владетели а всушност се од Јустинијан I (Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н)
|