Римската легија и фалангата

Римската легија (“Legio”) во времето на кралевите, била целата римска војска.


Во републиката пак, таа се дели на две легии за да секој од конзулите командува со еднаква сила; секоја имала по 3 000 тешки пешаци, 1 200 лесни пешаци и 3 000 коњаници, не сметајќи ги помошните “центурии“, а била расчленета на 30 манипули од по две центурии.

Иако легијата била само административна единица, за борба римските легии образувале – “фаланга”, по чии принцип (а со свои специфики), како непобедлив борбен строј, се насочувале на противникот.
”Tribuni militum“, во почетокот се старешини од пешадиските контигенти на трибусот, најпрвин три па шест, подредени на командантот-конзулот и извршувале наизменично внатрешна служба во легијата но можело да им се доверат и посебни тактички функции.

Подоцна се образувани повеќе легии но во парен број, за да бидат деливи како порано. Коњицата ја снемува а се зајакнува пешадијата, составот е едороден-тешка пешадија, а повеќе не се расчленувало по старост на посебни единици. Легијата во II век е во процес на професионализација, таа е поделена на 10 кохорти со околу 6 000 луѓе а со другите легии и натаму е во состав на фалангата, со ослон на кохортите како изразито тактички единици со кои се маневрира во рамките на целата фаланга. На ваквата еднородна легија во борбите нешто подоцна, сепак и содејствуваат полесни трупи и коњица. Со стоечката професионална војска легијата стекнува традиција па секоја легија добива свој орел, броен назив и регионално име. Така едни од најпознатите легии се легијата “Gallica” и особено надалеку чуената легија “Macedonia”.


“Legatus (“Augusti”) legionis”, постар офицер

Август Октавијан на легијата и дава постојан командант – “legatus (“Augusti”) legionis”, кога легиите се посебно дислоцирани. За време на царството, на легиите им е даруван еден или повеќе почесни називи (“pia”, ”fidelis”, “constans”, “fe lix”), потоа се нарекувани според имињата на царевите (“Commodiana”, шпан. ”Severiana”). На границите со време легиите стануваат и дополнителни единици кои своите мобилни делови, “vexillationes” под центурионите или легатите ги праќаат каде е потребно. Но по поделбата на римската војска на гранична (“riparienses”) и оперативна (“comitatenses”) легиите се сосем мали, околу 1 000 луѓе, со кои командуваат трибуни. Кохортите се сега напоредно со легиите. Галиен на чело на легијата става префекти (“praefecti”) од витешките сталежи како порано што било во Египет. “Notitia Dignitatum” бележи 174 легии, легијата сега веќе сосем го изгубила значењето а ја потиснува варварскиот “mumerus”. Во VI век нема повеќе траги од римски легии.

(Извори – “Romishe Geschichte, I-V, Th.Momsen, Berlin, 1854-85; Geschichte der Infanterie, I ,W.Rustow, Nordhausen, 1864; “Geschichte der Feldzuge C.Julius Caesars”, G.Veith, Wien, 1906; “Romische Militargeschichte”, R.Grosse, Berlin, 1920; “The Roman Legions”, M.D.Parker, Oxford, 1928; “Storia delle fanterie italiane”, E.Scala, Roma,1950)