Академија – историјат

Академија (“ak`ademeia” или “akade`mia”), шумичка во Атина, наречена според јунакот Академ во која предавал Платон.


Денешното значење предимно е највисока научна установа на некоја земја што ја организира и ја извршува научната и уметничката дејност. Во историскиот развој на образовните институции (и денес), академии се викаат и некои јавни домашни и странски наставни установи, особено високошколски.

По замирањето на академската дејност во средниот век, во ренесансата се обновува работата на академиите за науки и уметности. Се истакнуваат Accademia Platonica (1459 -1521) за филозофија во Фиренца; Accademia Pomponiana (1470-1542) за филозофија, во Неапол.


Римси мозаик на Платоновата академија

Како прототип на академијата на науките по резултатите, била мошне позната фирентинската Accademia della Crusca (основана 1582 год.), за јазик и за литература.Во Фиренца е и познатата сликарска академија Accademia del disegno, основана во 1561 год. каде заедно со независните уметници имало и многу членови од фирентинската аристократија. За природните науки важна е Accademia secretorum, основана во 1560 год. во Неапол, потоа Accademia naturae curiosorum, основана во 1557 год. во Мадрид.
Но за поединците од Македонија покрај овие особено важни ќе бидат оние од поблиските краишта а заради размена на разни стоки, списи, податоци како и нивното образование.Тоа се пред се академијата во Дубровник Accademia dei Concordi, во втората полвина на XVI век; Accademia degli Animosi во Задар во 1562 год., потоа во шеесетите, т.е во оумдесетите години на XVI век во Копар Accademia de` Desiosi и Accademia Palladia.


Accademia dei Lincei
За формирањето на нови академии многу повлијаело, со својата програма и устројство Accademia dei Lincei, основана во Рим во 1603 год., во која работел и Галео Галилеј. Во овој период следувале: Academie francaise во Париз во 1635 год.; Academie des sciences, исто така во Париз во 1666 год.; Accademia del Cimento во Фиренца 1657; The Royal Society во Лондон во 1662 год. и др.

Римската Accademia degli Arcadi во 1690 год. постигнува голем углед во светот и станува образец како современа академија за книжевност и уметност, па според неа се основаат сродни академии за книжевност во многу европски држави.

Од Балканот кон осумдесетите години на XVII век се познати Accademia degli Intricati во Пиран а во деведесетите и Accademia degli Incaloriti од Задар. Како противтежа на језуитското настојување да го држат монополот во областа на науката, во Љубљана во 1693 год. како исклучиво посветена на науката била Accademia Operosorum.

Како и да е понатамошниот развој на академиите ширум европските земји е постојан и разновиден. За нас како Македонци е значајно што нашата МАНУ е основана со Указ на Собранието на СР Македонија бр. 18/67 од 23.II.1967 год. со кој е донесен Законот за МАНУ. На седницата на 18.VIII. 1967 год. специјална Матична комисија ги избира првите членови на МАНУ – вкупно 14 академици. На првото собрание на МАНУ на 09.X.1967 год. е конституиран Извршниот одбор, а за прв Претседател е избран Блаже Конески. МАНУ е отворена на 10.X.1967 год.