“Перфидии” - воени подлости
“Перфидии” се краен вид воени лукавства кои содржат газење на дадениот збор и во оваа смисла се разликуваат од другите лукавствата заради нивната подлабока суштинска подлост.
Заради ова воените лукавства според меѓународното воено право се дозволени, но не и перфидиите кои се забранети. Во пракса понекогаш тешко е да се разликуваат дозволените воени лукавства од забранетите перфидии.
Принципот е да перфидиите постојат кога завојуваната страна децидно или преќутно се обврзала да ја говори вистината, односно да не го доведува во заблуда противникот, а не се држи до ветеното.
Перфидија е на пример кога:
- се злоупотребуваат симболите на парламентарци, Црвениот крст и др. меѓународни мировни мисии, со признати такви симболи за распознавање, за да се изврши некаква воена акција под заштита на истите симболи.
- се глуми предавање да би се постигнало воено предимство над противникот.
- се глуми смрт или ранување за да се отвори ненадеен оган.
- се дава СОС сигнал од бродовите а се отвара оган на непријателот кој се приближува.
- се уништуваат воени објекти по потпишувањето на капитулацијата (ова е дозволено дури и во текот на преговорите или пред самото потпишување, но не и по тоа).
- лажно се соопштува на противникот преку средства за информирање или на др. начин дека е заклучено примирје па тоа се користи за напад и сл.
Од друга страна, се смета за дозволено воено лукавство повикувањето на непријателот за предавање на основ наводно опколување. Критериумот по кој се просудува што е воено лукавство а што перфидија може да биде различен во разни држави и поединечни случаи. Во современите војни и технолошки процеси, воените лукавства се прошируваат се повеќе, а сфаќањата за чесните и нечесните воени дејства (откаде и го влечат перфидиите своето потекло) радиклано се менуваат.
|