Први зоолошки истражувања во Македонија

Зоолошките истражувања во Македонија се започнати главно во II половина на XIX век.


Меѓутоа, еден од првите истражувачи на ентомофауната на Македонија И.Фривалдски собирал од нашите краишта ентомолошки материјалуште во 1835 и 1836 год. Во овој почетен период и колекционери и истражувачи биле странците, а истражувањата биле само фаунистички.

Во нешто зголемен обем овие истражувања продолжуваат и во почетокот на XX век , кога иако скромно, се јавуваат и некои балкански истражувачи, како на пр. Ж.Ѓорѓевиќ.

Од периодот меѓу двете светски војни се истакнуваат С.Караман и С.Станковиќ по чија иницијатива се основаат и Природнонаучниот музеј во Скопје (1926 год.) и Хидробиолошкиот завод во Охрид (1935 год.). Посебно важни трудови од овие двајца научници се “Pisces Macedoniae” од С.Караман (1924 год.) и “ Die Fauna des Ohridses und ihre Herkunft” од С.Станковиќ (1931 год.).

Во Македонија нешто пред тоа престојува и германскиот истражувач Ф.Дофлајн, кој за време на I светска војна собрал најразличен фаунистички материјал и ја објавил книгата “ Mazedonien”(1921 год.).

Во обработката на систематиката и зоогеографијата на одделни животински групи во тој период се откриени голем број ендемити и реликти, особено во истражувањата на подземната фауна и фауната на Охридското Езеро. Следуваат истражувањата на полето на екологијата, специјацијата за фосилната неогенска фауна на цицачите, откриени во околината на Велес (Шлосер, 1921 год,; Ласкарев, 1921 и 1923 год.)


Охридско езеро