Први истражувања на флората во Македонија

Први флористички истражувања на флората во Македонија се преземени уште во I половина на XIX век.


Поради несигурноста на патувањата странските истражувачи, истражувањата ги вршеле најмногу во околината на големите градови и главните сообраќајни патишта : Скопје-Тетово, Скопје –Велес, Скопје- Битола-Солун, Велес –Демир Капија-Солун и Прилеп-Битола-Охрид. Во планинските краишта речиси не ни оделе, единствено го посетувале Пелистер и Шар Планина.


Пелистер

Први значајни флористички податоци дава А.Гризебах во делото “Specilegium Florae rumelicae et bithynicae” (1843 год.). Тој во 1839 год. ја посетил околината на Скопје, Тетово со Шар Планина, Битола со Пелистер и планината Ниџе.

Повеќе пати (1889-1899 год.) ботанички истражувања во централна и во јужна Македонија врши и Е.Форманек, чиишто флористички материјал го ревидира и повторно издава К.Вандас во “Reliquiae Formanekiane“ (1909 год.). За овој период важни податоци за Македонија даваат и И.Дарфлер и Л.Адамовиќ но и др.

Од времето пак на I светска војна најзначаен прилог за флората на Македонија е трудот на Ј.Борнмилер (J.Bornmuller) со наслов “Beitrage zur Flora Mazedonies”, I-III (1925-1928 год.). Во ова дело е даден многу убав флористички преглед на поголемиот дел од Македонија. Во овој период истражувања вршеле : Т.Херцог и Бургеф (1916-1918), Е.Чики, С.Јаворка, Е.Б.Кимеле (1918), Т.Николов (1913-1918), Н.Стојанов и др.

По I светска војна истражувањата се проширени и на други полиња од ботаничката наука: екологијата, растителната географија, вегетацијата на шумите и на планинските рудини, палеоботаниката, проучувањето на историското минато на македонските шуми и.т.н.

Флористиката, растителната географија и фолклористичкото минато на Македонија најмногу ги обработувал Н.Кошанин.За вегетациските истражувања најголема заслуга има И.Хорват, кој ги опишувал заедниците на шумите, планинските рудини, карпите и точилата. И меѓу двете светски војни во Македонија работат многу флористи а по солободувањето настанува нов период во развојот на ботаниката.