Кучињата од антиката во служба на Македонците

Песот (Canis familiaris) е најстарото домашно животно. Песот живее со човекот уште на преодот од старото и младото камено време, во мезолитот, а припитомен е уште од крајот на палеолитот.


Со своите природни особини – жилавото и силно тело, острите и силни заби, развиениот инстинкт, слухот, видот и особено мирисот и развиената особина за памтење,способноста за дресура и верност кон човекот, песот е многу корисно домашно животно, употребливо за различни потреби.

Така кај нас Македонците уште Филип II Македонскинајактивно го користел во пронаоѓање побуненици и непријателски разбиени сили. Главно истите се криеле по македонските густи шуми а посебно обучените кучиња – трагачи активно се употребувале за нивно пронаоѓање.Исто така како Филип така и син му Александар кучињата ги користел и како чувари на воените македонски логори при нивните воени камшањи.


Кучињата биле користени во антиката во повеќе намени за потребите на македонските кралеви и нивните војски