Обуката на македонската фаланга

Во средината на IV век п.н.е во македонската постојана војска, пешадијата е главно пополнувана од селанството а коњицата од племството и земјопоседничката аристократија.


Најголемо внимание во неа и се посветувало на обуката на стрешинскиот кадар (во саматофилакијата или т.н.р “корпус на кралските деца” каде се обучувале македонските племеници за командните позиции) и обуката на фалангата.


Тешката македонска пешадија во движење пред судир со непријателот

Добрата обученост во движењата на масите од 16 000 до 18 000 тешки пешадинци, построени понекогаш и во 24 реда по длабочина, била предуслов за успех во борбата. Фалангата особено е обучувана да во движењата на боиштето и борбите го оддржи збиен борбениот поредок, средната пешадија да оддржува борбена врска помеѓу тешката пешадија и коњицата и да го проширува успехот на коњицата. Лесната пешадија пак е обучувана брзо да маневрира и дејствува со фрлачките оружја. Тешката коњица е вежбана за удар, а лесната коњица за меневар и гонење.

Борбената обука на македонските војници и старешини усовршувана е особено за време на Александар III Македонски но како формација и групации додека индивидуалната обука на поединецот била послаба во однос на онаа кај Грците (Хелените) или подоцна Римјаните.

Македонската војска уште под Филип но и повеќе под Александар била добро расчленета по родови а овие на единици способни да дејствуваат координирано како целина и тоа во секое годишно време. Александровите походи се со широко засновани стратегиски операции во кои се запазуваат неколку помали, со посебни карактеристики.Операцијата кај Ис е особено карактеристична, таа е со битка на свртени фронтови, каде противниците биле свртени со лицето кон својата позадина, е во составот на стратегиската операција, која Александар го довела и во Египет.


Распоред на родовите од македонската фаланга при судир

Илустрациите се позајмени од Воена историја од Д-р Ванче Стојчев